Ракометниот шампион на Македонија Е. Пелистер има предност од 13-12 на полувреме на домашен терен против хрватскиот првак ППД Загреб во премиерниот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.
Mакедонскиот шампион на одличен начин го отвори премиерниот меч годинава во елитата па брзо по десет минути игра успеа да стигне до позитива од три гола 5-2. Битолчани продолжија одлично и во следниот период, па со голот на Манасков од пенал во 12. минута стигнаа и до плус четири 7-3.
Ракометарите во „зелено-бело“ имаа празен период во следните неколку минути и му дозволија на противникот му дозволија во 17. минута по подолго време да дојде до негатива од само два гола 8-6, по што тренерот Гарабаја мораше да го побара првиот тајм-аут.
Ниту тајм-аутот не помогна бидејќи веднаш следуваше нова грешка и нов гол за Загреб за 8-7. Лошата серија ја прекина новата аквизиција Бразилецот Рудолф Хакбарт кој го постигна својот прв гол во „зелениот“ дрес во Лигата на шампионите (9-7). Во следниот период ракометарите на нашиот шампион повторно успеаја да стигнат до позитива од три гола 11-8.
До крајот неколкуте наши грешки доведоа до тоа Пелистер на полувреме да замине само со еден гол позитива 13-12.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

