Ракометарите на Е. Пелистер имаат негатива од 14-17 по првите 30 минути на натпреварот од 13. коло против дански Алборг во Лигата на шампионите.
На дуелот во Битола, желбата на„пелистерци“ е да дојдат до првиот бод во најквалитетното европско клупско натпреварување, но никако не успеваат во тоа.
Кај македонскиот шампион, интересно, дури 12 гола од оние 14 постигнаа само двајца ракометари. Филип Кузмановски има 7 гола, а Борзаш е со пет погодоци. По еден имаат плус Дејан Манасков и Жарко Пешевски.
Данците имаат предност по првото полувреме благодарение на одличната игра на Нилсен и Хоксeр со по четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА