Ракометниот шампион на Македонија со пораз на гостувањето кај Барселона се прости од годинашното издание во Лигата на шампионите. Во натпревар кој немаше никакво резултатско значење домаќините славеа со 47-27.
Првото полувреме помина без игра во одбраната на двете страни, игра во која Каталонците подобро се снајдоа за убедливо водство од 24-15. Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечен триумф на домаќинот од 47-27.
Стевче Алушовски на сите ракометари им даде шанса на овој меч, а по три гола постигнаа Манасков, Видомски, Ристевски, Граховац, Хенигман, Кузмановски и Петар Атанасијевиќ. Кај победникот Сола Бастера постигна седум гола.
Битолчани сега ги очекува дербито против Вардар кое што може многу да реши за титулата во шампионатот на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

