Актуелниот шампион на Македонија, Е. Пелистер има убедливо водство од 18-11 на полувреме на домашен терен против Вардар во 8. коло од ракометната Суперлига.
Домаќините го имаа првиот напад во кој веднаш добија пенал, кој успешно го реализираше Руди Сери за почетно водство од 1-0 за битолчани. Вардарци израмнија на 1-1, по што „пелистерците“ со два гола во низа во 3. минута за првпат стигнаа до плус два (3-1).
Вардарци грешеа во нападот, а тоа на најдобар можен начин домаќините преку две контри во петата минута стигнаа до високи плус четири (5-1), по што Владо Недановски мораше да го побара првиот тајм-аут. И по минутата пауза продолжија грешките на вардаровите ракометари, па со два брзи гола Пелистер стигна и до плус шест (7-1). Серијата од шест гола во низа за домаќинот ја прекина Срдановиќ во 10. минута кога успеа да намали на 7-2.
Во следниот период домаќините успеваа да ја задржуваат предноста од четири до пет гола, па по 20 минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 12-7. Избраницитена Јовиќ продолжија со одличната игра, па со погодокот на Русинот, Василев во 22. минута Пелистер стигна и до плус седум (14-7) по кои Недановски мораше да го побара и својот втор тајм-аут.
Ниту тоа не им помогна на ракометарите на Вардар, бидејќи Гедбан со својата четврта одбрана му дозволи нов лесен гол на Сери за плус осум (15-7). До крајот на првото полувреме домаќините успеаја да ја задржат големата предност и на пауза да заминат со позитива од 18-11.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА