Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер утрово одржа полесен тренинг во салата во Париз, каде вечерва ќе се судри со силниот ПСЖ во првиот меч од групната фаза во Лигата на шампионите.
Битолчани имаа можност да ги подготват последните тактички детали за пресметката вечерва во 20:45 часот, во која Французите важат за огромни фаворити.
„Играме против една од најсилните екипи во моментов, предводени од според мене еден од најдобрите тренер Раул Гонзалез. Ќе се обидеме да се прикажеме во добро издание“, рече тренерот Бранислав Ангеловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА