Актуелниот македонски шампион, екипата на Е. Пелистер за следната сезона се засили со полскиот десен бек Анџеј Видовски.
Како што информираат од клубот, 22-годишниот полски интернационалец потпиша двегодишен договор со битолчани и ќе му се стави на располагање на новиот клуб од стартот на подготовките во јули 2025 година.
„Се работи за ракометар кој доаѓа во Македонија од Гвардиа Ополе од полската Суперлига. Видовски е висок 186 сантиметри, настапува за полската репрезентација и му се претскажува блескава иднина. Видовски ќе биде официјално претставен на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26“ – информираат од таборот на „пелистерци“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА