E тоа е легенда: Пеле доби 120.000 долари само за да си ги заврзе врвките на почетокот на мундијалски меч

Бројни анегдоти и случки се тема на сеќавање на легендарниот Пеле по неговата смрт, а бразилските медиуми потсетија и на мундијалот во 1970 година, кога Пеле доби 120.000 долари, за да ги заврше врвките на копачките пред почетокот на четвртфиналето со Перу.

Стануваше збор за вистинска војна на браќата Адолф и Рудолф Даслер, првиот креатор на брендот Адидас, а вториот на Пума. Двајцата имале џентлменски договор да не тргнуваат по Пеле како заштитно лице, се додека Рудолф не го прекршил дадениот збор, нудејќи му договор на Пеле.

Финансиските детали од таа соработка не се обелоденети, но затоа се знае дека Пеле добил 120.000 долари само за да ги заврзе копачките пред мечот со Перу.

„Тоа беше генијален потег, Пума му плати дополнителни 120.000 само за да се заврзе. Згора на тоа, му беше исплатена извесна сума и на камерманот, за да го долови тој момент и сите да видат дека Пеле носи копачки Пума. Адолф Даслер беше бесен, но на неговиот брат не му беше грижа за тоа – Пума оствари рекордна продажба таа година само од еден артикл – копачките на Пеле“, остана запишано од новинарите кои ја следеа фудбалската легенда во тој период.

Се вчитува...