Баер Леверкузен го носи 19-годишниот напаѓач Клаудио Ечевери на позајмица од Манчестер Сити.
Како што пренесуваат германските медиуми, Баер Леверкузен веќе го договорил Аргентинецот пред Борусија Дортмунд која исто така силно го посакувала во своите редови.
Ечевери пристигна во Сити минатата година од Ривер Плата за 18,5 милиони евра. Тој се приклучи на тимот на почетокот на оваа година, но одигра само три натпревари. Притоа, постигна еден гол на Светското клупско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

