Еден Азар: Бев фудбалер, сега сум таксист

Легендарниот белгиски фудбалер Еден Азар во 2023 година стави крај на кариерата и се посвети на семејството.

Поранешниот ас на Челси и Реал Мадрид сега откри детали како го поминува денот.

„Животот поминува многу брзо, особено во фудбалот. Како вчера да имав 19 години, а денеска имам 35. Сега животот ми е многу едноставен. Јас сум татко на пет деца и во моментот сум повеќе таксист отколку фудбалер, но тоа е во ред“, изјави Азар.

Азар во блескавата кариера настапуваше и за Лил. Најголемиот успех го доживеа во Челси за кој настапуваше од 2012 до 2019 година.

Се вчитува...