Напаѓачот на Челси, Еден Азар, го доби признанието за најдобар фудбалер во Белгија за 2017 година. Тој доби убедливо најмногу гласови во изборот на Фудбалската федерација на Белгија.
На второто место се најде играчот за врска на Манчестер сити, Кевин Де Бруин, додека трет беше напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку.
Во 2017 година, Еден Азар стана шампион на Англија со Челси, одигра вкупно 52 натпревари и постигна 10 гола, забележувајќи и седум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА