Еден Азар ги одбил саудиските милиони

Поранешниот фудбалер на Челси и Реал Мадрид, Еден Азар неодмана замина во пензија и одбил можност за враќање на фудбалот со богата повеќегодишна понуда од Саудиска Арабија според која ќе заработувал 52 милиони евра по сезона, пренесуваат англиските медиуми.

Ова го откри неговиот поранешен соиграч од времето поминато во Челси, Џон Оби Микел кому Азар му доверил дека нема намера да „трча“ по парите.

„Азар ми кажа: Микеле имам јас доволно пари. Знаеш како живеам. Не барам многу и имам доволно пари да живеам со семејството и да ги растам децата, изјави Микел.

Се вчитува...