Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Белгија, Еден Азар и кажа збогум на репрезентацијата на Белгија. Азар последниот меч за Белгијците го изигра на Светското првенство во Катар во ремито против Хрватска (0-0) со кое беа елиминирани во групната фаза на шампионатот.
Азар беше стандарден член на Белгијците во последните 10 години во кои „златната генерација“ не успеа да ја израдува нацијата со титула од големо натпреварување, а најголем успех беше освојувањето на бронзата на минатиот мундијал во Русија 2018 година.
All the best, captain. ❤️🇧🇪 #MerciEden pic.twitter.com/Rsa0Mwf18T
— Belgian Red Devils (@BelRedDevils) December 7, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА