Еден Азар не е единствениот фудбалер кој како дете навивал за еден клуб, а подоцна направил голема кариера во друг.
Славниот белгиски фудбалер го носеше дресот на Челси цели седум сезони и во еден момент беше најдобар играч во Премиерлигата и еден од најдобрите во Европа.
Денеска, кога неговата кариера во голема мера е завршена, тој откри дека омилен клуб од детството му големиот градски ривал на Челси, Арсенал.
„Кога бев дете, тимот што најмногу го гледав беше француската репрезентација. За мене, двајцата играчи на кои се угледував беа Зинедин Зидан и Тиери Анри. Тешко ми е да го признаам тоа поради мојот однос во Челси, но јас навистина го сакав Арсенал во тоа време“, изјави Еден Азар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА