Еден Азар пристигнал во Мадрид со седум килограми вишок

Белгискиот репрезентативец Еден Азар, на подготовките за новата сезона стигна во престолнината на Шпанија со седум килограми вишок. Навивачите на кралскиот клуб на социјалните мрежи го коментираа физичкиот изглед на Азар, кој очигледно за време на одморите се опуштил повеќе од дозволеното.

Поранешниот фудбалер на Челси одигра три натпревари за кралскиот клуб во подготвителниот период на кои не успеа да се запише во листата на стрелците. Тој по седум поминати сезони во англискиот гигант, премина на „Сантијаго Бернабе“ за сума од 100 милиони евра, плус 45 милиони евра кои ќе треба да бидат исплатени како бонус.

 

 

Се вчитува...