Еден Азар во јанаури се враќа во Англија – „Кам-бек“ во Челси или Њукасл?

Белгискиот интернационалец Еден Азар во јануарскиот преоден рок би можел да се врати во англиската Премиер-лига, пренесуваат британските медиуми. Азар откако стигна на „Сантијаго Бернабеу“ никако не може да ја врати препознатливата форма, а поголемиот период го помина во рехабилитација од многуте повреди кои ги заработи.

Челси и Њукасл се први фаворити зимава Белгиецот да го доведат во своите редови. Од Челси веруваат дека Томас Тухел може да ја врати старата форма на Азар и дека тој би бил клучот за освојување на трофејот во Премиер-лигата. Од друга страна Њукасл кој има нови сопственици, сака околу белгискиот интернационалец да го гради новиот тим кој во следниот период треба да биде еден од главните фаворити за освојување на сите трофеи.

Карло Анчелоти на денешната прес-конференција ја отвори вратата за заминување на Белгиецот, доколку тој побара такво нешто.

„Не сакаме никого да чуваме ако не сака да биде овде. Ако Азар, или било кој друг е несреќен и побара да си замине, ние ќе ги разгледаме понудите што ќе пристигнат“, истакна Анчелоти.

Се вчитува...