Еден час за Миовски во лудиот натпревар на Жирона и Легањес

Фудбалерите на Жирона стигнаа до победа на домашен терен од 4-3 на Легањес во неверојатниот натпревар како дел од 12. коло од новата сезона во шпанската Ла лига.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Гутјерез во 21. минута. На 1-1 израмни Тапија само четири минути подоцна, а ново водство за домаќинот донесе Мартинез во 31. минута. До крајот на првиот дел беше 2-2 со погодокот на Круз во 41. минута.

Стуани од пенал во 61. минута повторно ја доведе во позитива Жирона (3-2), а со автоголот на Гонзалез во 73. минута беше 4-2. До крајот гостите успеаја само да го ублажат поразот (4-3) преку Ел Хадади во 77. минута. Бојан Миовски повторно беше стартер за својот тим и одигра 60 минути.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...