Еден час за Николов во ремито на Лече со Порденоне

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов го запиша и вториот настап за својот нов клуб. Лече ремизираше на гостувањето кај Порденоне (1-1) во натпревар од 20. коло во Серија Б. Гостите поведоа со голот на Кода во 14. минута, додека конечните 1-1 ги постави Мусиолик во 20.

Македонскиот репрезентативец беше заменет во 63. минута. Лече останува на седмата позиција со 31 бод, додека Порденоне е осми со два бода помалку од денешниот противник.

 

 

Се вчитува...