Еден човек никогаш не му прости на Диего Марадона

Светот е шокиран од трагичната смрт на најдобриот фудбалер на сите времиња Диего Армандо Марадона кој вчера на 60 годишна возраст го напушти овој свет. Додека целиот свет не може да се помири со заминувањето на најдобриот, еден човек се уште му нема простено, а тоа го потврди и со изјавата која ја даде. Станува збор за поранешниот капитен на англиската репрезентација Питер Шилтон, против кого Марадона во 1986 година ја постигна легендарната „Божја рака“.

„Мојот живот долго е поврзан со Диего Марадона и тоа на начин на кој не ми се допаѓа. Тажен сум бидејќи ја чув веста дека починал. Без никакво размислување беше најдобриот фудбалер против кого сум играл и моите мисли се со неговото семејство. Кој можеше да знае дека ќе го направи тоа. Топката беше високо и се знаеше дека не може да ја удри со глава, па ја употреби раката. Тоа беше очигледно мамење. Тргна да слави, а два пати се вртеше и чекаше судиите да му го поништат голот. Сите знаеја што прави освен тројцата судии. Не ми е гајле кој што мисли, но тој детаљ го одлучи победникот. Тоа што најмногу ме боли е што никогаш не се извини. Тоа не е во ред. Во себе немаше ниту малку спортски дух“, изјави Шилтон. 

Се вчитува...