Себастијан Фетел ќе ја стартува утрешната трка за ГН на Бахраин од пол-позицијата, откако германскиот ас имаше најдобро време на денешните квалификации. Во драматична завршница Фетел го извозе перфектно последниот круг, подобрувајќи го времето на својот тимски колега Кими Раиконен, па Ферари ќе има „еден-два“ на стартот од утрешната трка.
Трето и четврто најдобро време денеска имаа Валтери Ботас и Луис Хамилтон, но поради казни за менување на уредот за менување брзини двајцата возачи на Мерцедес ќе стартуваат од осмата, односно деветтата позиција.
Зад Фетел и Раиконен утре на стартот ќе се појават Рикјардо со Ред бул и Пјер Гасли со Торо Росо, а пред Ботас и Хамилтон ќе бидат уште и Магнусен, Хулкенберг и Окон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА