Џорџ Расел е сензационален победник на патеката СПА Франконшамп во Белгија, откако заврши како првопласиран пред неговиот клупски колега Луис Хамилтон. На третото место се пласираше Оскар Пиастри, додека на четвртото место се пласираше Шарл Леклер.
Актуелниот светски првак Макс Верстапен заврши на петтото место, а во првите седум влегоа и Нандо Норис и Карлос Сајнц.
За Расел ова беше втора победа во сезоната, откако претходно триумфираше и за ГН на Австрија. Инаку Расел стартуваше како шести на трката, и на крајот успеа да се пробие до првата позиција откако имаше успешна тактика со едно застанување во боксот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА