Австриецот Јоханес Стролц е победник на слаломската трка во сезоната во Светскиот куп во алпско скијање која денеска се одржа во швајцарскиот ски-центар Аделбоден. Стролц до првата победа во кариерата стигна со вкупно време од 1:50.05 минута што беше за седумнаесет стоти делови од секундата подобро од сонародникот Мануел Фелер кој на крајот заврши како второпласиран.
Подиумот го надополни Германецот Линус Страсер кој доцнеше дваесет и девет стотинки зад победничкото време.
Најдобрите алпски скијачи во светот остануваат во Швајцарија, каде веќе на 13. месецов ќе се вози супервелеслаломот во Венген, а потоа следуваат и два спуста во истиот ски-центар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА