Ферари е комплетен победник на трката за Големата награда на САД која се возеше во Остин по триумфот на Шарл Леклер и Лоренцо Сајнц.
Леклер дојде до убедлива победа во САД со максимално возење во текот на целата трка. За него ова е трета победа сезонава, а вкупно осма во кариерата.
Доминацијата на Ферари ја заокружи и Сајнц на второто место, а трет заврши Макс Ферстапен кој одолеа на притисоците на Ландо Норис од Мекларен кој заврши на четвртото место.
Норис, всушност, во финишот успеа да го претекне Ферстапен, но доби и казна од пет секунди па на крајот заврши на четвртата позиција. Петти заврши неговиот клупски колега Пјастри, а шести Расел од Мерцедес.
AND IT’S A 1-2 FOR FERRARI 💪#F1 #USGP pic.twitter.com/UczajLzMQN
— Formula 1 (@F1) October 20, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА