Германскиот двоец Тобијас Артл и Тобијас Вендл стигнаа до третиот златен медал на Зимските олимписки игри во низа во санкање двојки. Германците до титулата на игрите во Пекинг стигнаа со вкупно време од 1:56.554 што беше за 99 илјадитинки подобро од сонародниците Тони Егер и Саша Бенекен.
Со бронзата се закити австрискиот пар Томас Стеу и Лоренц Колер кои доцнеа зад времето на победниците 511 илјадитинки.
Медали попладнево беа доделни и во брзо лизгање на кратки патеки. На делницата од 1500 метри во машка конкуренција златото му припадна на Кореецот, Даехон Хванг. Тој делницата од 1500 метри ја помина за време од 2:09.219 минути. Со сребрениот медал се закити изненадувачки, Канаѓанецот Стивен Дубоа, додека бронзен беше Семен Елистратов од Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА