Џенаро Гатузо уживаше во триумфот на својот тим на вечното дерби со Динамо Загреб, познатиот италијански тренер во изјавата по мечот ја „пецна управата“, за веднаш потоа да ја покаже и својата човечка големина, дарувајќи го целиот тим на Хајдук за фантастичниот резултат.
Како што дознава „Спортске новости“, тренерот на Хајдук на денешниот тренинг ги изненадил сите фудбалери и членовите на стручниот штаб, дарувајќи им најнови „I-Phone“ телефони како награда од него за големиот дерби-триумф.
Фудбалерите биле изненадени од добиениот подарок, што секако со задоволство го прифатиле, а дефинитивно нема сомнеж дека ваквиот потег на тренерот дополнително ќе ја крене атмосферата во сплитскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА