Еден е Хамес Родригез – потпиша со десетти клуб во кариерата, од десет различни држави

Хамес Родригез денеска и официјално го комплетираше транферот во Сао Паоло, облекувајќи го за првпат дресот на прославениот бразилски клуб.

Она што е интересно, за колумбискиот ас ова е десетти клуб за кој потпишува во кариерата, а интересно е што сите десет екипи биле од десет различни држави.

Очекувано, Хамес кариерата ја почна во татковината, потпишувајќи со колумбискиот Енвигадо, од каде се пресели во Аргентина и го облече дресот на Банфилд. Следеше преселба во Европа, и тоа во португалски Порто, каде Хамес ја лансираше својата блескава кариера. Од Порто тој се пресели во француски Монако, од каде следеше и трансферот во Реал Мадрид.

По напуштањето на шпанскиот гигант негова следна дестинација беше Баерн Минхен во Германија, од каде Хамес замина во англиската Премиер-лига и кратко време го носеше дресот на Евертон.

По заминувањето од овој клуб тој се пресели во Катар во тимот на Ал Рајан, по што следеше и авантура во грчкиот гигант Олимпијакос. Кругот се затвора со камбек назад во Јужна Америка, како член на Сао Паоло.

Се вчитува...