Еден е „Кралот“: Леброн Џејмс постави нов личен рекорд и доби овација во Њујорк (ВИДЕО)

Триесетидеветгодишниот НБА ветерен, Леброн Џејмс изминатата вечер со 40 поени, 7 скокови и 5 асистенции го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до триумф од 104-116 на гостувањето кај Брулин за 42. победа во сезоната.

Џејмс на оваа средба постави и нов рекорд кога се во прашање погодените обиди за три поени реализирајќи девет од десет обиди. За „Кралот“ тоа е трет овосезонски натпревар со најмалку 40 поени па доби овации и од противничките навивачи што е навистина реткост.

Се вчитува...