Еден е Кристијано Роналдо: Прв во историјата со една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Кристијано Роналдо како од шега урива рекорди на фудбалските терени, но и надвор од нив. Португалецот испиша нова историја откако стана прв човек што има над една милијарда следбеници на своите официјални профили на социјалните мрежи.

Тој неодамна отвори и личен јутјуб канал со кој за една седмица ја надмина границата од 50 милиони следбеници, со што заокружено ја мина неверојатната граница од една милијарда следбеници на сите социјални мрежи.

Кристијано е најдоминантен на инстаграм со повеќе од 639 милиони луѓе кои о следат, на фејсбук оваа бројка изнесува над 170 милиони, на твитер над 113 милиони следбеници, а заедно со јутјуб и помалите социјални мрежи гранцата од една милијарда е надмината.

„Испишавме историја – МИЛИЈАРДА следбеници. Ова е повеќе од бројка, ова е доказ за нашите заеднички страсти и љубовта кон играта и пошироко. Од улиците на Мадеира до најголемите терени во светот, секогаш играв за своето семејство и за сите вас, а сега сите заедно сме една милијарда. Ви благодарам што верувате во мене, што ме поддржувате и што сте дел од мојот живот. Најдоброто допрва доаѓа“, напиша Кристијано Роналдо одбележувајќи го овој неверојатен рекорд.

Се вчитува...