Лазар Лечиќ е еден од основоположниците на кошаркарскиот спорт во Македонија, а легендарниот тренер ја доби почитта што апсолутно ја заслужува на денешната прослава на неговиот 80. роденден, со свечена академија што се одржа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Присутни беа еминентни имиња од домашната сцена, кошаркарски легенди кои тој ги има тренирано, но и врвни тренерски имиња како Ивковиќ, Тањевиќ, Новосел, Маљковиќ… сите до еден само со пофални зборови за Лечиќ, како основоположник на кошаркарата во нашата земја.
Лечиќ доби роденденски подароци од сите страни, на крајот скромно заблагодарувајќи се за укажаната чест на сите присутни. Еден е Лазо Лечиќ, а мак-баскетот е горд што го има, па може да го сподели и со регионот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА