Лео Меси го игра својот последен мундијал, па за ривалите ова е и последна шанса за овековечување на момент со најдобриот фудбалер на денешницата.
Исклучок не беа ниту репрезентативците на Австралија, кои на теренот не бираа средства да го запрат Меси, но потоа во подтрибинскиот простор го бараа асот на ПСЖ, за фотографија со него.
Џоел Кинг и Марко Тилио беа играчите чија потрага вроди со плод, а Меси задоволен по победата и пласманот во четвртфинале застана и им ја исполни желбата на двајцата „кенгури“.
Australia players waiting to meet Lionel Messi.pic.twitter.com/d9i5BxSmqP
— Mundo Albiceleste 🇦🇷 (@MundoAlbicelest) December 4, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА