Еден е Лука Модриќ – ем најмлад, ем најстар стрелец на Хрватска на ЕП

Лука Модриќ одигра брилијантно вечерва во Глазгов, предводејќи ја Хрватска до победа од 3-1 на клучниот дуел со Шкотска, резултат со кој „коцкестите“ се искачија на второто место во групата.

Воедно, Модриќ стигна до несекојдневно остварување бидејќи асот на Реал Мадрид сега е најмлад и воедно и најстар стрелец за Хрватска на европските шампионати. Тој стрелаше на ЕВРО 2008 на дуелот против Австрија кога имаше 22 години и 273 дена, а денеска ја затресе мрежата на Шкотска на возраст од 35 години и 286 дена.

Воедно, Лука е првиот Хрват што може да се пофали дека постигнал голови на три различни европски шампионати за својата селекција (2008, 2016 и 2021).

Се вчитува...