Кристијано Роналдо одличните игри од дресот на Реал Мадрид ги продолжи и при настапот за португалската репрезентација, носејќи му на својот национален тим триумф на дуелот со Египет (2-1).
„Фараоните“ благодарение на Салах имаа предност од 0-1 се до 91. минута, за потоа Роналдо да ги преземе работите во свои раце. Најдобриот португалски фудбалер израмни на самиот почеток од продолжението, по што во 93. минута беше поништен уште еден гол за неговата селекција. Сепак, Роналдо не се откажа, па во 94. минута уште еднаш стрелаше прецизно со глава за огромна радост и еуфорија меѓу португалските навивачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА