Трабзон на македонскиот репрезентативец Енис Барди го претрпе првиот пораз во турското првенство откако загуби на гостувањето кај Анталија со 5-2 во 3. коло од Суперлигата.
Македонецот беше на врвот на својата задача, постигнувајќи два гола, но за жал истите не беа доволни да се запишат нови три бода. Играчот од средниот ред првиот гол го постигна само седум минути по дебито во турското првенство, а потоа одлично стрелаше и за вториот гол.
За домаќините мрежата ја тресеа Фернандо во 14. минута, Рајт од белата точка во 40. минута и 98. минута и Бајракдар во 81. минута и шестата минута од судиското продолжение.
Следниот натпревар за Барди и Трабзон е дуелот против Копенхаген во квалификациите од Лигата на Шампионите, а потоа следи и средбата на домашен терен против Галтасарај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА