Еден Етеми недоволен за победа на Истанбулспор

Истанбулспор на македонскиот интернационалец Валон Етеми ја подобрува формата во турското првенство откако во 6. коло ремизираше на гостувањето кај Сиваспор со 1-1. Тоа се нови бодови за составот од Истанбул кој сезоната ја започна со три порази во низа.

Македонецот со прекрасен удар го доведе својот тим во водство во 64. минута, но Улверстед во 80. минута ја затресе мрежата на Јенсен и не дозволи гостите да заминат дома со три бода.

По денешното реми Истанбулспор останува во опасната зона со само четири осовени бода.

Се вчитува...