Јувентус е подготвен за сериозни промени во играчкиот кадар за наредната сезона, во завршна фаза се преговорите со Анхел ди Марија, а пред камбек во таборот на „старата дама“ се наоѓа и Пол Погба. Францускиот репрезентативец беше продаден во Манчестер Јунајтед за 100 милиони евра, но летово повторно е слободен по истекот на договорот со „црвените ѓаволи“ и од сите понуди на маса ја избра онаа на Јувентус.
ПСЖ нудеше најмногу пари за да го доведе Погба, но талентираниот играч за врска сепак реши да се врати назад на Апенинскиот полуостров, откако токму во Јувентус ги прикажуваше најдобрите игри во својата кариера.
Доаѓањето на Погба ќе значи заминување на друг француски играч од Јуве, Адриен Рабио. Тој има само уште една година од договорот со „старата дама“, а управата е решена да го продаде и да не дозволи следното лето без никаква отштета да си замине од клубот. Цената за Рабио ќе се движи меѓу 15 и 20 милиони евра, а според првичните информации, сериозен интерес за овој фудбалер покажале Манчестер Јунајтед и Њукасл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА