Вецлар претрпе нов пораз во ракометната Бундес-лига откако тимот на нашите Фили Миркуловски и Филип Кузмановски денеска загуби од Хамбург со резултат 30-25.
Во таборот на Вецлар се надеваа на нов триумф откако во минатата рунда стигнаа до прва овосезонска радост, но налетаа на противник кој знаеше како да ги казни нивните грешки. На одмор се замина со предност на Хамбург од 13-12, а пресуден беше првиот дел од второто полувреме во кој домаќините се одлепија на 24-17, трасирајќи си го патот до победата.
Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски натпреварот го заврши со еден погодок (шут 1/3) и две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА