Англија со победа го стартуваше настапот на ЕВРО 2020 откако „гордиот албион“ во цврст меч успеа да стигне до цел плен против Хрватска. Англичаните со овој триумф им се одмзадија на „коцкестите“ за поразот во полуфиналето од СП 2018, а Хрватска со прикажаната игра уште еднаш потврди дека со формата е предалеку од натпревраувањето пред три години во Русија.
„Коцкестите“ имаа подредено се за да играат на 0-0, ги затвораа приодите кон сопствениот гол, но не беа премногу заинтересирани да го загрозат Џордан Пикфорд на спротивната страна. Англија почна одлично, Фоден во шестата минута го погоди дирекот од голот на Ливаковиќ, но потоа како што одминуваше времето, така паѓаше и темпото на игра.
Во ист стил продолжи и вториот дел, се играше бавно се до моментот на одлука – Филипс одлично продре и го проигра во празно Рахим Стерлинг, а англискиот офанзивец ја смети топката во мрежата на Хрватска. По примениот гол Далиќ реши да го освежи тимот, Хрватите заиграа нешто поофанзивно, но во 90-те минути не создадоа ниту една шанса, па заслужено со наведнати глави го напуштија теренот на „Вембли“.
Goal!! Sterling silencing haters. #EURO2020
pic.twitter.com/AhV1uLi8oK— AG🎯 (@UTDatopahene) June 13, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА