Еден гол пресуди: Шкендија остана со празни раце

Шкендија претрпе пораз и на второто гостување во Конференциската лига на УЕФА, откако македонскиот првак загуби со минимални 1-0 на дуелот одигран во Приштина против Дрита.

Дуелот очекувано мина во „тврд фудбал“ од двете страни, со мал број шанси за гол, а како пресудна се покажа 20. минута во која Дрита стигна до погокот, што на крајот се покажа и победнички. По една нафрлена топка од триесетина метри дефанзивците на Шкендија не се снајдоа најдобро, а Малај го казни тоа сместувајќи ја топката во мрежата.

Очекувано, тетовци беа принудени да се отворат во вториот дел во обид да дојдат до израмнување, а најубавата шанса ја пропушти Латифи кој ја затресе гредата од голот на домаќините. Кон средината на второто полувреме во игра влезе и Бесарт Ибраими, кој имаше опасен слободен удар, но домашниот голман успеа да ја исфрли топката во корнер.

Дрита знаеше како да го приведе мечот до крај, а Шкендија по овој пораз падна на 25. место на табелата во ова европско натпреварување.

Тетовци во следното коло од Конференциската лига на 11 декември ќе го пречекаат Слован Братислава.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...