Федерико Киеза ќе остане во Ливерпул и во оваа натпреварувачка сезона, откако италијанскиот офанзивец летово беше поврзуван со враќање назад во татковината. Милан и Наполи се обидоа, но не успеаја да најдат заеднички јазик со англискиот првак, а откако Киеза го постигна клучниот гол во победата над Борнмут во првото коло ситуацијата целосно се промени – па Ливерпул повеќе не ни размислува на продажба на Италијанецот.
Продажбата на Нуњез и Дијаз како и трагичната смрт на Диого Жота ја истенчија навалната линија на „црвените“, па Арне Слот реши да го задржи Киеза наместо да купува нов играч за крилните позиции.
„Сите знаеме колку добро момче е Киеза, колку напорно работеше сето ова време. За жал, немаше среќа со повредите минатата сезона, но никогаш не престана да дава се од себе на тренинзите. Јас гледам на него како на важен играч за следната сезона и очекувам да биде тука со нас“, истакна Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

