Еден гол – три бода: Спахиу донесе победа за Шкендија против Тиквеш (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шкендија дојдоа до зацртаната цел – трите бода од пресметката против Тиквеш во 7. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено-црните“ со ротации во составот славеа со 1-0, благодарение на голот на Спахиу во 36. минута од средбата. Тиквеш имаше повеќе шанси во првото полувреме, кои не успеа да ги искористи, па на крај беше казнет од домашните.

По убава акција по левата страна, Шкендија дојде до предност со голот на Спахиу кој погоди од непосредна близина…

Во второто полувреме домашните, се чини, рутински го контролираа мечот, очигледно и штедејќи ги силите за стартот на натпреварите во Конференциската лига на УЕФА, па на крај мирно го приведоа мечот до победа.

ПМФЛ – 7. КОЛО

Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1-0

Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (20 ч.)

ВЧЕРА

Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-2

УТРЕ (понеделник, 15:30 ч.)

Струмица: АП БРЕРА – АРСИМИ 

Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА 

ВТОРНИК (23.09 – 15:30 ч.)

Битола: ПЕЛИСТЕР – БАШКИМИ 

Се вчитува...