Никола Ѓоргиев е дефинитивно едно од најретките богатства кои Македонија го има во својот спорт.
Капитенот на македонската репрезентација и најдобар македонски одбојкар, денеска во својата Струмица ја одбележа јубилејната 80-та победа во националниот дрес. Нешто со кое, без сомнение, може да се пофалат само мал број спортисти од Македонија во историјата.
Против Црна Гора во Европската Златна лига на ЦЕВ, Никола Ѓоргиев го играше својот 169-ти натпревар за Македонија, притоа запишувајќи ја 80-та своја победа, со која македонските одбојкари се изборија за останување во Златната лига и во следната сезона.

Ѓоргиев запиша 14 поени во победата од 3-0 над Црногорците, притоа освојувајќи го и последниот меч-поен за јубилејната своја победа за Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

