Еден Јокиќ недоволен за победа над шампионот, Дончиќ го предводеше ЛА Лејкерс до триумф

Бостон го совлада Денвер со 110-103 и покрај новата одлична партија на српскиот центар Никола Јокиќ кој одново беше блиску до трипл-дабл учинок завршувајќи ја средбата со 20 поени, 14 скокови и девет асистенции.

Домаќините ги предводеше Браун со 22 поени, осум асистенции и пет скокови, додека ветеранот Хорфорд додаде 19 поени и осум скокови.

ЛА Лејкерс пак предводени од Лука Дончиќ забележаа триумф од 108-102 над градскиот ривал Клиперс во средба во која словенечкиот кошаркар постигна 29 поени, а додаде шест скокови и девет асистенции. На спротивната страна се истакна Ленард со дабл-дабл учинок од 33 поени и 10 скокови.

Во останатите натпревари:

Кливленд – Порталнд 133-129
Индијана – Чикаго 127-112
Мајами – Њујорк 112-116
Орландо – Торонто 102-104
Сан Антонио – Оклахома 132-146
Јута – Њу Орлеанс 121-128
Феникс – Минесота 98-116

Се вчитува...