Мохамед Салах објави дека си заминува од Ливерпул на крајот од сезонава, по што веднаш се јави неговиот агент кој стави до знаење дека „фараонот“ се уште се нема договорено со нов клуб, туку истото ќе го стори по завршување на сезоната со „црвените“.
Информациите сепак велат дека преговорите се во напредна фаза, а еден клуб важи за апсолутен фаворит во трката по Салах. Ал Итихад е тимот што нецели две години беше во офанзива да го доведе Салах од Ливерпул а сега кога големиот ас ќе биде слободен играч овој клуб од Саудиска Арабија ги интензивирал разговорите за што поскоро да го осигура неговиот потпис.
Фактот дека Салах ќе биде слободен и нема да мора да се преговара за отштета со Ливерпул само ја олеснува задачата за челниците на Ал Итихад, кои веќе имаат подготвено понуда од 50 милиони долари по сезона за Салах за наредните три години, како и богат бонус за самиот потпис на договорот.
Како што стојат работите во моментов, Салах воопшто не размислува за останување во европскиот фудбал, а негова следна дестинација ќе биде – Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

