Формирањето на ново кошаркарско натпреварување на „стартиот контитнет“ под покровителство на НБА предизвика лавина на реакции и поделби во кошаркарската Европа. Дел од клубовите веќе се насочија кон новото натпреварување по што се постави прашањето кое е иднината на Евролигата?
Истата се чини дека ќе биде одлучена во следните денови на самитот на сопствениците на Евролигата кој ќе се одржи во Барселона.
Клучен ќе биде одговорот на Реал Мадрид, најтрофејниот клуб во ова натпреварување кој се уште одбива да стави потпис на повеќегодишен договор.
Доколку „кралскиот“ одговор е негативен, тогаш договорите со Евролигата се очекува дека нема да ги продолжат и Барселона, Асвел и Фенербахче што би значело крај на најсилното кошаркарско натпреварување во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

