Бурата околу Кристијано Роналдо и португалската репрезентација не стивнува, напротив страстите дополнително зовреа по изјавата на Фелипе Мело во која Бразилецот ги критикуваше останатите португалски фудбалери поради недоволна поддршка за суперѕвездата во националниот тим.
Секој има право на свој став и тука нема ништо спорно, но проблемот настана кога на објавата на социјалните мрежи на оваа изјава „лајк“ стави – токму Кристијано Роналдо.
„Сите говорат за односот на Меси во репрезентацијата и го споредуваат со оној на Роналдо. Но, ако погледнете подобро, треба да го анализирате односот на Аргентинците кон Меси, кој воопшто не е исто со оној на португалските фудбалери кон Кристијано“, истакна Мело и набрзина собра над 27.000 лајкови од кои во очи на јавноста падна оној на Роналдо.

Односите меѓу Кристијано и останатите фудбалери веќе извесно време не биле на посакуваното ниво, информираат португалските медиуми, а последниот потег на Роналдо е јасен знак што мисли за соиграчите.
Овој гест уште повеќе ја подели португалската јавност, фановите на ЦР7 тврдат дека тој со право е изневерен од соиграчите и селекторот, додека оние од другата страна сметаат дека Роналдо само уште еднаш ја потврдил самобендисаноста, покажувајќи точно зошто повеќе не треба да биде назад во репрезентацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
