Јувентус подготвува рокада на позицијата лев бек за наредната сезона, откако Алекс Сандро најави дека ќе го напушти таборот на „старата дама“ по истекот на договорот во јуни 2023 година.
Бразилецот веќе има 31 година и посакува нов предизвик во кариерата, поради што воопшто не е заинтересиран за продолжување на соработката со „старата дама“.
Јувентус веќе има подготвено и замена, и тоа асот на Бенфика, Алекс Грималдо. Шпанецот наполни 27 години и зад себе има неколку одлични сезони за португалскиот гигант, a слично како и Алекс Сандро, веќе најави дека нема да потпише нов договор бидејќи посакува нов предизвик. За услугите на Грималдо се интересираат и Борусија Дортмунд и Интер, но италијанските медиуми тврдат дека Јувентус е во најнапредна фаза од преговорите и дека „црно-белите“ од Торино веќе на почетокот од 2023 година ќе потпишат преддоговор за да го осигураат овој летен трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА