Еден месец до стартот на ЛОИ во Токио

Останува еден месец до стартот на Летните олимписки игри во Токио. Игрите кои што поради пандемијата од коронавирусот лани беа одложени за годинава својот старт ќе го имаат на 23. јули.

Македонскиот олимписки комитите денеска информираше дека заклучно со 22. јуни 2021 година, спортисти за кои е потврдено учеството на 32. Олимписки игри ТОКИО 2020 (23 Јули-8 Август 2021 година) се:

1. Дејан Георгиевски – Таеквондо “А“ Олимписка норма
2. Магомедгаджи Нуров – Борење слободен стил “А“ Олимписка норма
3. Јован Стојоски – Атлетика, 400 метри – Универзално место (вајлд карта)
4. Пулексенија Јованоска – Карате, Кати – Универзално место (вајлд карта)
5. Борјан Бранковски – Спортско стрелаштво – воздушен пиштол 10 м – Универзално место (вајлд карта)

МОК во зацртаниот рок, исклучиво врз основа на официјално доставена документација од страна на Меѓународната пливачка федерација (FINA), на 20 Јуни 2021 година достави апликација за Универзално место (вајлд карта) за еден пливач и една пливачка и тоа за:
1. Филип Дерковски – 732 ФИНА поени
2. Ева Петровска – 714 ФИНА поени

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Olympic Games (@olympics)

Се вчитува...