Еден месец по смртта на Дејан Милојевиќ почина и неговиот татко

Нешто повеќе од еден месец по смртта на српскиот кошаркарски тренер Дејан Милојевиќ, почина и неговиот татко Милан Милојевиќ, пишуваaт српските медиуми.

Како што пишуваат српските медиуми, таткото на поранешниот кошаркар и тренер починал во четвртокот, засега не се знае причината за смртта. За потсетување Дејан Милојевиќ почина на 17. јануари поради срцев удар во ресторан, каде што беше заедно со колегите и играчите на Голден Стејт Вориорс.

Најголем белег во играчката кариера остави во Партизан, клубот во кој ја заврши кариерата пред да стане тренер. Од 2012 до 2020 година ја водеше Мега, а имаше и кратка епизода во Будуќност пред да замине „преку барата“ во 2021 година и да стане помошник на Стив Кер, кој заедно со остатокот од делегацијата на Голден Стејт дојде во Белград на последно збогување.

Се вчитува...