Само една неизвесност за Вардар пред Ла Фиорита

ЕКИПА во Сан Марино
Горан Бошев

Предноста на Вардар од 3-0 по првиот меч со Ла Фиорита, им ги отвори „портите“ на „црвено-црните“ за пласман во 2. коло во Лигата на Конференции. Сега следува реваншот, на кој треба само да се доврши започнатото, и да се оди на мегдан со Лозана од Швајцарија.

Не се очекуваат некои поголеми проблеми во составот на Вардар и на реваншот, со тоа што најверојтно овојпат Мато ќе добие шанса во стартните 11, за разлика од првиот меч кога влезе од клупата и постигна гол за 3-0.

Она што го мачи стручниот штаб е повредата на Михаил Талевски. Младиот офанзивен играч на „црвено-црните“ вчера предвреме го напушти тренингот поради повреда, и е крајно неизвесен за утрешниот меч. Останува да се види дали Талевски денеска ќе може да тренира и дали на крајот ќе биде на располагање нa Гоце Седлоски за утрешниот реванш.

Се вчитува...