По завршувањето на драматичниот натпревар од ЕП 2024 меѓу Шпанија и Германија, вчерашниот ден не помина без скандали.
Помошникот на селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, и поранешниот репрезентативец – Сандро Вагнер, го изрази своето незадоволство од главниот судија Ентони Тејлор.
Според „Билд“, помошникот по крајот на мечот упаднал во судиската соба, при што јасно се слушнал како го навредува англискиот судија. Навредите биле поради недосудениот пенал кога Кукурела играше со рака во продолженијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА