Еден од најславните нигериски фудбалери, сега води црква (ФОТО)

Еден од најпопуларните фудбалери во последната декада од минатиот век, Тарибо Вест, кој настапуваше за Интер, Милан, Партизан… и бројни други европски клубови, по крајот на кариерата се одлучи за позив кој нема никаква врска со фудбалот.

Вест се посвети на религијата. Во Лагос во 2014 година основаше црква каде денес е свештеник. Членот на златната генерација на Нигерија откри зошто неговата репрезентација на 28. јуни 1998 година одигра лош натпревар против Данска.

„Слушнав дека некои мои репрезентативни колеги оделе по ноќните клубови за време на Светското првенство. Искрено, знам и дека некои си носеа жени во кампот. Тоа го видов. Жените беа Африканки лудо заљубени во нашите момци. Беше лесно да се намамат да дојдат во твојата соба. Поради тоа некои фудбалери воопшто немаа сила на натпреварите. Така и против Данска. После една бурна ноќ, ненаспани тешко можеш да играш фудбал. Викав на нив на теренот, бев многу лут“ – открива Вест.

Покрај Вест во таа славна генерација на Нигерија играа и Нвонко Кану, Џе-џеј Окоча, Бабангида, Виктор Икпеба, Сандеј Олисех, Финеди Џорџ, Бабајаро… Незаборавна генерација.

Се вчитува...